ВИДЕО | Русите нападнаа трговски центар во Донецк со бомба од 500 килограми
Во денешниот руски напад врз трговски центар и пазар во Добропиља, град во близина на линијата на фронтот, загинаа две лица, беа повредени 27 лица и беше предизвикана голема материјална штета, соопштија официјални лица.
Препорачано
Вадим Филашкин, гувернерот на регионот Донецк, изјави дека бомбата од 500 килограми била детонирана во 17:20 часот.
Rescuers Search For Survivors After Russian Strike On Dobropillya pic.twitter.com/hRRcq4mzU6
— Radio Free Europe/Radio Liberty (@RFERL) July 16, 2025
Тој рече дека две лица загинале, а 22 се повредени, осум станбени згради во близина се оштетени, а осум автомобили се уништени. Видео објавено на интернет покажува како областите околу трговскиот центар се во пламен, а чадот се издига кон небото.
„Фрлија бомба кога Добропиље беше преполно“
„Пожарникарите го гаснат пожарот бидејќи постои можност луѓето сè уште да се во трговскиот центар“, изјави Филашкин за украинската телевизија.
Окупаторот ја фрлил бомбата во време кога Добропиље било полно со луѓе. Многумина пазареле. Окупаторот конкретно го таргетирал трговскиот центар. Сите блиски трговски центри биле или уништени или оштетени – соопштија украинските власти.
Филашкин претходно изјави дека околу 30 продавници биле оштетени.


