ВИДЕО | Рубио се воодушеви од таванот во салата за состаноци во Пекинг, реакцијата стана хит на социјалните мрежи
Пред состанокот меѓу претседателите на САД и Кина, американскиот државен секретар Марко Рубио со восхит го гледаше таванот во салата за состаноци во Големата народна сала во Пекинг, објави АПТ њуз. Видеото од тој момент предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Препорачано
На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, е прикажан Рубио како гледа нагоре, покажувајќи со прст кон таванот додека разговара со министерот за одбрана Пит Хегсет. Корисниците со ентузијазам ја коментираа неговата реакција, додека некои ја истакнаа иронијата што Рубио технички е под кинески санкции.
Marco Rubio was very impressed with the ceiling and light fixatures inside the Great Hall of the People. pic.twitter.com/0ojbKaJoxD
— Zhao DaShuai 东北进修🇨🇳 Commentary (@zhao_dashuai) May 14, 2026
Многумина на шега се прашуваа што можеби Рубио му рекол на Хегсет.
„Погледнете ги тие светла – треба да ги замениме нашите кога ќе се вратиме“, напиша еден корисник на Веибо (Weibo). Друг пост на X пак со мала иронија гласеше: „Ајде да ја преработиме Белата куќа вака кога ќе се вратиме“.
Големата народна сала, изградена во 1950-тите, била дизајнирана со исклучителна грижа и мајсторство. Зградата е позната по своите огромни кристални лустери опкружени со позлатени гипсени скулптури во традиционален кинески стил и шарен касетиран таван. Целата сала зрачи со злато и раскош.
ВИДЕО | Си го предупреди Трамп на можен судир поради Тајван, а тој пак го опиша како „голем лидер“


