ВИДЕО | Редок бел пингвин снимен на Антарктикот

Бел пингвин / Фото Твитер

Редок бел пингвин од видот Џенту е снимен во база на Антарктикот.

Белите пингвини се ретки затоа што леукизмот е рецесивен ген и тие можат да бидат поранливи на предатори поради тоа што полесно се гледаат.

Според ветеринарниот лекар Диего Пеналоза, леукизмот е генетска состојба предизвикана од делумно губење на пигментацијата на перјата или крзното на животните, додека се одржува нормалната боја на очите, што ги разликува од албино животните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот