Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Рецепт за бела снегулка, омилениот колач на Јована Броз

Бела снегулка е кремаст колач за кој се верува дека бил омилениот деликатес на Јованка Броз.

Состојки:
За кората:

– 7 белки
– 1 јајце
– 7 лажици шеќер
– 7 лажици брашно
– 3 лажици млака вода

За кремот:

– 7 жолчки
– 7 лажици шеќер
– 6 лажици брашно
– 1 лажица густин (згуснувач)
– 800 мл млеко
– 250 грама маргарин

За преливот за кората:

– 100 мл млеко
– 1-2 лажици рум

За декорација:

– шлаг
– темно чоколадо

Подготовка:

Одвојте ги белките и жолчките. Белките изматете ги со додавање на шеќерот додека не се формира цврста пена. Потоа, постепено додавајте брашно, млака вода и едно цело јајце. Смесата сипете ја во сад за печење и печете во загреана рерна на 180 степени.

Температурата можете да ја адаптирате на вашата рерна и проверете со чепкалка за заби за да бидете сигурни дека е печена. Кората мора да остане со светла боја.

Кремот ќе го направите така што ќе ги зготвите жолчките во млекото, ќе додадете брашно, шеќер и згуснувач. Кога смесата ќе стане густа, оставете ја кратко да се излади и додадете го маргаринот.

Кората прелијте ја со млекото и румот. Кога кората ќе се натопи, премачкајте ја одозгора со изладениот крем. Врз него ставете го изматениот шлаг и изрендајте темно чоколадо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот