ВИДЕО | Реал Мадрид со пресврт и гол во 99. минута ја победи Алмерија

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Реал Мадрид успеа да се врати од негатива од 0:2 на полувреме и да слави против Алмерија со резултат 3:2.

„Кралевите“ до победата дојдоа многу потешко од очекувањата против тимот кој се бори за опстанок. Гостите до водство стигнаа по само 38 секунди игра и тоа со голот на Рамазани, а во финишот од првото полувреме Гонзалес се погрижи и за 2:0.

Во второто полувреме Реал Мадрид доби пенал по реакција на ВАР, а реализатор на најстрогата казна беше Џуд Белигнам. Набрзо потоа Алмерија постигна нов гол, меѓутоа и тогаш ВАР беше од помош на Реал и голот го понишити.

Изедначување во 67-та минута донесе Винисиус, а за да биде потврден повторно ВАР мораше да реагира. Судијата на теренот досуди играње со рака, меѓутоа по прегледувањето на ВАР снимката можеше да се види дека е во прашање е рамо.

Честите прекини донесоа големо продолжение, победничкиот гол по асистенцијата од Белингам го постигна Карвахал во 99. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот