ВИДЕО | Реакцијата на кралицата Елизабета кога слушнала дека е „срце на народот“ стана хит на интернет

Фото: Принтскрин/Твитер

Интересната реакција на кралицата Елизабета кога на прославата на платинестиот јубилеј слушнала дека е „срце на нацијата“ стана хит на интернет.

Прославата беше одржана вчера во дворецот Виндзор, а говорот го одржал телевизискиот водител Алан Тичмарш.

„Веќе 70 години постои постојано отчукување на срцето на овој народ. Тоа срце ѝ припаѓа на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета Втора“, кажал водителот, а публиката започнала да аплаудира.


Но, кралицата се чини како да не била особено воодушевена.

Снимката за кратко време стана хит, а многумина ја споредиле Елизабета Втора со ликот Алан Партриџ кој го глуми Стив Куган.

„Вака изгледам додека се преправам дека го разбирам семинарот“, се пошегувал еден корисник на Твитер.

 

„Понекогаш забораваме дека кралицата е всушност „обична“ личност и дека ужива правејќи ги истите работи како и ние. Таа е нечија мајка, баба и прабаба“, додал Тичмарш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот