Таско - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Раперот Таско се повлекува од музичката сцена: „Време е за тишина, мир и благосостојба на умот“

Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско изненади многумина со својата последна објава во која вели дека се повлекува од музичката сцена и социјалните мрежи. Како што објасни во видеопораката, овој чекор го прави со цел „да си ја врати внатрешната рамнотежа, мирот и благосостојбата на умот“.

Во видеото споделено на неговите профили, Таско накратко порача дека во наредниот период ќе направи пауза од создавање и јавни настапи, додавајќи дека чувствува потреба да се посвети на себе.

„Сакам да ви кажам дека ќе направам една пауза од социјални мрежи, од креирање и создавање. Премногу работи ми се собраа, мислам дека е време за тишина, за мир и за благосостојба на умот. Ќе ве известам кога ќе се вратам. Се гледаме и слушаме“, изјави Таско.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Иако не откри конкретна причина за оваа одлука, многу негови фанови и колеги музичари му изразија поддршка, охрабрувајќи го да го стави личниот мир и менталното здравје на прво место.

Таско последните години се наметна како еден од најактивните претставници на новата генерација хип-хоп изведувачи во Македонија, особен успех имаше и по последната песна „Сатурн“ во соработка со Теа Трајковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот