ВИДЕО | Рама: Глупавата македонска опозиција се навреди од моите критики кон Бугарија и ЕУ

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел уште еднаш иронично се осврна на името на земјава, кога при поздравот со Шарл Мишел – претседател на Европскиот Совет, Емануел Макрон, претседател на Франција и Урсула фон дер Лајен – претседателка на Европската Комисија, им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“.

Подоцна, на прес-конференцијата,одговарајќи на новинарско прашање, Рама рече дека се надева оти неговата најнова досетка нема да се сфати како претходната, кога во Солун му го претстави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц како „премиер на идната Западна Бугарија“.

„Се надевам дека нема да се случи како со глупавата македонска опозиција, ОК… која го сфати она што го реков за Западна Бугарија како навреда. И видеото беше скратено, бидејќи реков иден премиер на Западна Бугарија и потоа: идниот премиер на Источна Албанија. Бидејќи тие бараат од оваа земја да ги направи сите напори. Тие го сменија името. Но, ова беше кажано како нешто не многу убаво за Бугарија и за ЕУ, а не за Северна Македонија. Но, кога си глупава опозиција, тогаш си осуден да останеш опозиција. Така што, добри се таму и можеби ќе се опаметат со време…“, рече албанскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот