ВИДЕО | Рама со шега за Ковачевски: Ова е премиерот на Западна Бугарија

Фото: Скриншот, Јутјуб

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ), вчера во Солун учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

По завршувањето на настанот била организирана вечера од страна на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.

Како што може да се види на една од снимките кои ги објавија грчките медиуми, Мицотакис му го претставил Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц како премиер на Северна Македонија, а албанскиот премиер Еди Рама се пошегувал дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш се огласи со своја реакција и побара оставка и извинување од премиерот Ковачевски за „понижувањето кое ѝ го приреди на Македонија“.

„Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија. Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија. Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања. Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот