ФК Работнички

Работнички го изненади Силекс, Тиквеш ја наполни мрежата на Брера

Фудбалерите на Работнички продолжуваат со сигурните настапи во домашниот шампионат, откако славеа со 2-0 против Силекс во рамки на 24. коло. Во исто време, вистинско гол-шоу приреди Тиквеш, кој со убедливи 6-1 ја „прегази“ Брера Струмица.

Тимот од Дебар Маало уште од стартот го наметна својот ритам против кратовчани, а клучна фигура беше Јован Попзлатанов. Тој го отвори резултатот во 13. минута, а потоа повторно погоди во 34. минута, поставувајќи ги конечните 2-0, со оглед на тоа што гостите не најдоа начин да се вратат во мечот.

Во Кавадарци, пак, гледачите уживаа во вистинска голеада. Мартин Стојанов го отвори резултатот со атрактивни „ножички“ уште во 10. минута, но Брера Струмица брзо возврати преку Макиќ за 1-1.

Сепак, тоа само дополнително ги мотивираше домаќините. Следуваше силен налет, при што најпрво Стојилевски си постигна автогол, а потоа повторно Стојанов и Тасев ја затресоа мрежата за убедливо водство уште до паузата.

Во второто полувреме доминацијата продолжи, Лусианињо стрелаше за 5-1 во 49. минута, а до крајот Тиквеш додаде уште еден погодок за конечни 6-1, за една од најубедливите победи сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот