ВИДЕО | Пустошот во Чешка: Во едно село торнадото уништи 120 куќи

Синоќа Чешка беше погодена од исклучително ретко, силно торнадо. Бројот на мртви и повредени расте, а штетите се огромни.

Досега е потврдена смртта на пет лица и над 200 повредени. Торнадото погоди неколку градови во југоисточна Бохемија и ги сруши куќите до темел.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек прогласи вонредна состојба, а премиерот Бабиш ја нарече природната катастрофа апокалипса.

Во тек е потрага по преживеаните закопани во урнатините.

Денес, за време на самитот во Брисел, чешкиот премиер Андреј Бабиш побара помош од Европската унија за регионот Јужна Моравија погодена од разорната бура. Чешка може да добие помош од Фондот за солидарност на ЕУ, што членките го користат во случаи на природни катастрофи.

„Фондот за солидарност на ЕУ има околу една милијарда евра годишно што земјите-членки можат да ги користат ако штетата предизвикана од катастрофа е најмалку 1,5% од БДП на соодветниот регион или 0,6% од БДП на земјата-членка, што во овој случај е 235 милиони евра “, напиша Бабиш.

ВИДЕО | Торнадо ја опустоши Јужна Моравија: Автомобили паѓаа по куќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот