Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Пукање на универзитет во САД – напаѓачот ранил двајца луѓе, полицијата го убила

Вооружен напаѓач ранил двајца луѓе на Универзитетот во Вирџинија во САД, пред да биде застрелан, објави АП.

Универзитетот „Олд Доминион“ во Норфолк соопшти дека повредените се пренесени во болница, а наставата и работата на кампусот се откажани до крајот на денот.

Според информациите, вооружениот напаѓач отворил оган непосредно пред 11 часот во зградата „Констант хол“, која е центар на економскиот факултет.

Полициски возила до пладне ги блокирале улиците околу кампусот во Норфолк. „Олд Доминион“, според податоците објавени на веб-страницата на универзитетот, има околу 24.000 студенти.

ВИДЕО | Десетина загинати и над 25 повредени во пукање во средно училиште во Канада

ВИДЕО | Пукање во средно училиште во Мериленд, едно лице повредено

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот