ВИДЕО | Прва шампионска титула за Денвер во НБА, Јокиќ МВП!

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Tимот на Денвер слави историска титула откако во петтиот натпревар од финалната серија го совлада Мајами со 94:89 за вкупни 4:1. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ апсолутно заслужено беше прогласен за МВП на финалето.

Денвер предводен од Јокиќ одигра фантастичен плеј-оф и дефинитивно сезонава беа тимот кои покажаа најмногу кога беше најпотребно.

Мајами не се предаде се обиде да го одложи славјето и во најголем дел од натпреварот имаше предност, но не успеа да издржи до крајот. Неизвесност имаше во текот на целиот дуел, иако Мајами во втората четвртина поведе со двоцифрена разлика 39:29.

Водеше Мајами и во самиот финиш со 89:88, но тука застанаа, а Јокиќ и друштвото со серија од 5:0 стигнаа до победата и шампионскиот прстен. Најдобар на теренот и во овој дуел беше Јокиќ со 28 поени и 16 скокови, Портер постигна 15 поени и 13 скокови, додека Мареј уфрли 14. На спротивната страна Батлер постигна 21 поен, а дабл-дабл запиша Адебајо со 20 поени и 12 скокови.

Со добиеното МВП признание за финалето Јокиќ стана првиот центар по Шкил O’нил кој ја добива оваа награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот