ВИДЕО: Демолирано партиското седиште на СНС во Нови Сад, протести во над 30 српски градови
И денеска продолжуваат протестите на кои повикаа студентите низ цела Србија под слоганот „Вечерва пукате по шевовите“. Како што пренесува телевизијата „Нова С“, граѓаните се на улиците во повеќе од 30 градови во земјата по синоќешните насилни напади од страна на приврзаници на владејачката Српска напредна партија врз граѓаните кои протестираа, како и полициската бруталност кон демонстрантите.
Препорачано
Протестите и вечерва ескалираа во Нови Сад, каде демонстрантите ги искршија стаклата на просториите на Српската напредна странка Група мажи, користејќи скали, столчиња и други предмети, провалија во седиштето на партијата.
Новинарските екипи пренесуваат дека пред објектот е фрлен и солзавец. Демонстрантите фрлаат јајца кон демолираните простории, а од внатрешноста се изнесуваат предмети и опрема.
SNS je u Novom Sadu PAO! pic.twitter.com/EqpkrRWwpH
— NOVOSADSKE VESTI (@novosadske) August 14, 2025
Напната е атмосферата и пред седиштето на Генералштабот во Белград, каде жандармеријата ги разделува двете групи – демонстрантите и поддржувачите на Вучиќ, кои испукаа пиротехнички средства, фрлаа шишиња и петарди кон толпата, по што граѓаните се повлекоа по околните улици.


