ВИДЕО: Протест и димни бомби врз Владата во Косово во знак револт против договорот во Охрид

Фото: Танјуг

Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија фрлаа димни бомби околу зградата на Владата во Приштина, незадоволни од Охридскиот договор од минатата недела, со кој беше предвидено формирање на Заедница на српски општини.

Демонстрантите бараат оставка од Курти. Од јарболот пред владината зграда го симнаа косовското знаме и наместо тоа закачија бело знаме за да симболизира дека Курти се предал во Охрид.

Договорот, меѓу другото, предвидува Косово конечно да ги спроведе обврски кон српските општини и да им овозможи самоуправување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот