ВИДЕО | Проф д-р Дејан Докиќ: Се наоѓаме во криза каде што сите мора заедно да помогнеме

Д-р Дејан Докиќ

Бројките се големи. Логично е да се наметне прашањето зошто имаме зголемување на тој број. Да бараме еден фактор не е во ред, бидејќи постојат многу фактори, а сите заедно придонесуваат да имаме овој број кој што го имаме сега. Основната клетка на целиот овој ланец е граѓанинот, изјави за Утрински брифинг професор д-р Дејан Докиќ.

– Граѓаните често пати го негираат постоењето на вирусот, не ги почитуваат мерките на заштита. Во близина на пријатели, роднини не носат маски, не знаејќи дека тие можеби претходно имале контакт со некој болна особа и дека можат да го пренесат вирусот. Имаме група на граѓани кои имаат лесна клиничка слика. не обрнуваат внимание, мислат дека ќе помине како настинка, па кога ќе се влоши сликата, се обраќаат на лекар, што понекогаш е доцна. Имаме и случаи каде што сами граѓаните одат си купуваат лекови, земаат антибиотици без да се консултираат со лекар дали навистина е потребно да се земаат антибиотиците, затоа што лесната клиничка слика пред се е предизвикана од вирус, а антибиотиците не делуваат на вирус туку на бактерии, вели проф. д-р Докиќ, кој додаде дека одреден број на граѓани откако ќе имаат еден болен во семејството не преземаат мерки на изолација.

– Морам да кажам дека искуството од 10 месеци кај нас укажува на фактот дека 80% од пациентите имаат лесна клиничка слика кој во домашни услови можат да ја пребродат. Но 20% имаат потешка клиничка слика од кои што само еден дел ќе имаат потреба од хоспитализација заради добивање на кислород, респиратор да им се спаси животот. Но тоа е една многу мала бројка. Важно за опстанокот на еден здравствен систем е дали бројот на персонал на кревети е доволен да ги згрижи сите оние на кои што им е потребна хоспитализација. Во моментов тој притисок не е толку драматичен, рече проф. д-р Докиќ.

-Во Скопје имаме неколку ковид болници. Од понеделник ќе функционира дополнителен капацитет на Клиниките за кожни болести и Клиниката за неврологија. Мојот коментар е дека се наоѓаме во криза каде што сите мора заедно да помогнеме, вели пулмолог алерголог проф. д-р Докиќ кој додаде дека ниту еден пациент кој што има невролошки проблеми нема да биде оставен.

Зборувајќи за прогнозите околу движењето на бројките д-р Докиќ вели дека новите информации укажуваат дека одиме кон врв.

– Дали за две недели ќе го достигнеме максимумот, не верувам дека некој би можел точно да прогнозира, но не сме далеку од врвот. Во однос на здравствениот систем поригорозни мерки би придонеле да се намали рапидниот број и пораст на пациенти со ковид-19. Минатата година пред да се појави ковид-19 на нашата клиника регистриравме голем број на смртни случаи од инфлуенца односно грип. Јас би препорачал населението кое има хронични болести да се вакцинира против грип и барем од една тешка форма на вирусни инфекции да биде заштитен, вели Докиќ

Разговорот со проф. д-р. Дејан Докиќ, пулмолог алерголог, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот