ВИДЕО: Пренос во живо од Марс, историски прв од Европската вселенска агенција

Слика од планетата Марс беше емитувана во живо во петокот, за прв пат, од Европската вселенска агенција (ESA) благодарение на сателитот Марс Експрес.
Настанот се одржа по повод 20-годишнината од вселенскиот уред кој ја мапира површината на „Црвената планета“ во три димензии. Првично се проценуваше дека ќе работи само две години.
ЕСА објавува слика на секои 50 секунди.
Визуелните слики беа достапни на Твитер профилот на ESA и хаштагот #MarsLIVE.
Обично сликите од уредите во орбитата околу Марс или на неговата површина се складираат и испраќаат во „пакет“ до Земјата во редовни интервали.
Поради растојанието од Земјата до Марс, на сликата и се потребни 13-22 минути за да стигне до Земјата, во зависност од тоа каде се наоѓаат двете планети во нивните орбити околу Сонцето. Снимките на Марс Експрес траеја 17 минути.