ВИДЕО | „Преку ноќ ни го снема целиот труд“ – прилепчанец снимил арамии како му крадат тутун
Тутунарот Крсте Дуковски од Прилеп објави видеа на кои се гледа како непознати лица крадат голема количина на тутун што тој го подготвувал за продажба. Според него, тутунот бил резултат на едногодишен напор и жртвување на неговото семејство.
Препорачано
– Минатата година беше најтешката за мене и мојата фамилија, товар што никој друг не може да го почувствува под мојата кожа. Оваа година вложивме сè: мака, здравје, пари и трпение, со надеж дека трудот и натчовечката жртва ќе го покрие ланскиот непребол. Ова што го гледате на видеата е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина – вели Дуковски.
Тој вели дека видеата не ги објавил од омраза, туку за да се поттикне свеста и емпатијата и да се охрабри полицијата да ги пронајде сторителите. Ги повикува сите кои ги препознаваат лицата да ги пријават кај полицијата.
„Не барам милостина – барам правда и почит за својот труд“, додава тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


