ВИДЕО: Пред штабот на Вреди огради и полициско обезбедување, поддржувачите слават со зурли и тапани

Фото: Слободен печат, Агнеса Чаволи

Пред изборниот штаб на албанската коалиција Вреди кај плоштадот “Скендербег“ во Скопје се поставени заштитни баридаки и се забележува присуството на полиција.

Од Вреди за МИА велат дека се преземаат мерки поради безбедносни причини, иако нема најави за инциденти.

Во штабот на „Вреди“ доминира победничка атмосфера, присутните извикуваат „Победа, победа“. На прес-конференцијата се обратија претседателите на партиите од коалицијата Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари.

Меџити: Ахмети ја запечати својата конечна изолација од денеска е најголемиот политички губитник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот