Меџити: Ахмети ја запечати својата конечна изолација од денеска е најголемиот политички губитник

Прес-конференција на Вреди / Фото Слободен печат / Методи Здравев

Изет Меџити од Коалицијата Вреди, на прес-конференција вечерва порача дека тие се апсолутни победници во албанскиот кампус и оцени дека денешниот изборен процес беше сè освен демократски. Државните институции кои имаа задача да го гарантираат процесот, Меџити вели дека се ставиле во служба на ДУИ.

-За сите настани од изборите ќе ги информираме сите амбасади, набљудувачките мисии и други релевантни институции. Сакам да сите да им објаснам за насилството врз гласачкото право ќе се одговара. Денес драги Албанци партијата која владееше со институциите 22 години го покажа вистинското лице. Со бојкот ДУИ се обиде да го врати политичкото организирање на Албанците во Македонија на претполитичко ниво. Партијата која излезе под името „Европски фронт“, денеска го бојкотираше изборниот процес, чин спротивен на секој европски стандард, вели Меџити.

Тој го праша Бујар Османи како утре ќе го оправда однесувањето на изборите пред меѓународните партнери.

-Со денешниот ден Али Ахмети ја запечати својата конечна изолација од сите релевантни општествени и политички чинители, како и меѓународните партнери. Од денеска тој е најголемиот политички губитник, додаде Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот