ВИДЕО | Пречка на Елмас во поразот на Наполи на „Сан Сиро“, Реал сигурен против Челси
Во вечерашните четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите победи забележаа екипите на Реал Мадрид и Наполи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Реал Мадрид поради актуелната форма беше фаворит против Челси и таа улога ја оправда. Жоао Феликс на самиот старт имаше голема прилика за „сините“, но не реализираше. Во продолжение „кралевите“ беа подобар противник и заслужено славеа победа од 2:0.
До водоство Реал стигна преку Бензема во 22- минута, но во оваа ситуација мора да се истакне и одлична асистенција од Винисиус Жуниор. На пауза домаќините заминаа со минималмна предност.
Работата на Челси стана потешка кога Бен Чилвел заработи црен картон во 59-та минута. Конечните 2:0 ги постави Асенсио на 15-тина минути пред крајот.
Наполи имаше улога на благ фаворит против Милан, но „росонерите“ сепак вечерва славеа победа од 1:0. Исмаил Бенасер го постигна единствениот гол на средбата пет минути пред крајот на првото полувреме. Големи заслуги за победата на Милан имаше и голманот Мајк Мањан кој забележа неколку одлични интервенции.
Елиф Елмас во отсуство на првиот напаѓач Осимен, но и неговата резерзва Џовани Симеоне доби шанса од првата минуа како „лажна деветка“ и го одигра комплетните 90 минути. Најдобрата прилика македонскиот репрезентативец ја имаше на почетокот на второто полувреме кога ја погоди пречката.
За реваншот Лучијано Спалети нема да може да смета на Агуиса кој во 75-тата минута заработи втор жолт картон и беше исклучен.


