ВИДЕО | Празнична магија: Викторија Лоба ја накити новогодишната елка

Фото: Инстаграм/Викторија Лоба

Полека, но сигурно почнува да се насетува празничната еуфорија и секој од нас веќе почнува да размислува за тоа како ќе го украси домот пред дочекот на новата година и за прославата на божиќните празници.

Викторија Лоба е една од првите македонски познати личности која ни ја покажа својата новогодишна елка и за момент нѐ внесе во нејзиниот дом, барем преку видеоснимка на социјалната мрежа Инстаграм.

Оваа година, пејачката се одлучила за природна елка, која ја накитила со црвени украси и златни светилки. Се разбира, украсувањето не би било толку забавно без нејзините домашни миленици Маша и Мила.

Патем, Лоба отсекогаш потенцирала дека овој празничен период ѝ е најрадосен во годината.

„Новогодишните празници сѐ уште ја имаат таа магија од моето детство, затоа едвај чекам да дојде оваа сезона на забава и нови почетоци. Во Русија за Нова година многу често луѓето се маскираат, едни на други си подаруваат подароци што ги оставаат под елката. Во моето семејство секогаш велевме како ќе ја дочекаме Новата година таква таа и ќе ни биде, затоа новогодишната ноќ секогаш беше најрадосен празник за нас“, изјави таа за „Независен“ пред неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот