ВИДЕО: Права инспирација за сите, тенисерска со осум прсти до Грен слем!

Фото: Твитер

Таа е првата тенисерка која успеа да стигне до Грен слем турнир со ваков вид на проблем – родена е со вродена аномалија, поради која има само четири прсти на двете раце, три на едната и четири на другата нога.

Во ваква ситуацијата многумина би се откажале од спортот, но не и Франческа Џонс, 20-годишна тенисерка која помина 10 операции и чиј најдобар пласман е 241 место на ВТА-листата.

Во својата кариера заработи околу 100.000 долари од омилениот спорт, има пет ИТФ-титули, а сега го привлече вниманието на светската јавност, со увертира за „Австралија опен“, чиј пласман го обезбеди преку квалификациите.

– Стојам на она што веќе го кажав, а тоа е дека гледам позитивно на мојот недостаток и се обидувам на некој начин да ја направам моја предност. Никогаш не ме обесхрабруваше аномалијата, морав да работам многу повеќе физички поради тоа. Лично, мојот предизвик беше да се доведам во таква форма за да го намалам ризикот од повреда на минимум. Мојот баланс низ стапалата и потпетиците е далеку поразличен – рече Џонс.

Часови и часови поминати во теретана

– Со мало стегање и лесен рекет, не размислувам да го променам тоа затоа што досега функционираше. Мислам дека поминав многу повеќе време во теретана за да создадам сила која ќе ги поддржува моите мускули и ќе ги надомести недостатоците – додаде таа.

Од психолошка гледна точка, не ѝ беше лесно да се подготви за квалификациите за „Австралија опен“.

– Неколку дена пред мојот прв меч, разговарав со тренерот и му реков дека прстите ми замрзнаа додека бев во Велика Британија и дека не можам да играм „форхенд“ правилно. Тоа е мојот најдобар удар, па затоа имав поблаг напад на паника, да бидам искрена. Прстите ќе ми се исечеа поради тоа и не можев да го користам моето најсилно „оружје“. Навистина работев многу за време на паузата. Јас сум перфекционист и многу се грижам за секој детал, така што секогаш размислувам зошто не погодив добро „форхенд“ или не отсервирав како што треба – додаде тенисерката.

Кога имала само осум години, лекарите ѝ рекле дека да заборави на тенисот. Сега можат да видат пред ТВ екраните на „Австралија Опен“ како тие згрешиле во нивната проценка.

Најтрофејниот олимпиец секојдневно се бори со депресијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот