ВИДЕО | Позитива на денот: Било куче-скитник, а сега јаде во најдобрите ресторани

Кучето Попај / Фото: Инстаграм

Попај е преслатко куче кое е вистинска ѕвездичка на социјалните мрежи, каде има повеќе од 400 илјади следбеници. Иако денес живее удобен живот и јаде во најдобрите ресторани, тоа порано живеело поинаков живот – било куче-скитник.

Имено, неговата сопственичка Ајви го пронашла на улиците во Лос Анџелес и решила да го вдоми.

„Една од моите пријателки ми предложи да му направам профил на Инстаграм бидејќи е многу сладок. Ние две постојано излегуваме заедно и ја фотографираме храната во рестораните, а со текот на времето ни се придружи и Попај. Веднаш сфативме дека тој е многу воспитан и дека се однесува примерно. Му даваме парчиња храна што може да ги јаде, а со мене носам и торбичка со неговите омилени грицки во случај да огладне“, раскажала Ајви.

Попај сега ужива во животот, сака да оди во ресторани и хотели погодни за домашни миленици, а неговите фотографии се вистински хит на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот