ВИДЕО: Пожар во Загреб, пожарникарите спасувале човек заглавен на балконот

Во Загреб утринава околу 11 часот избувна пожар во населбата Трнско. Како причина за пожарот се наведува експлозија на фен, пренесува Индекс.

На балконот од зградата бил заглавен еден човек кој поради димот немал како да ја напушти зградата, но пожарникарите успеаа да го спасат. Пожарникарите спасиле седум лица и неколку животни.

Главниот командир на пожарникарите, Синиша Јембрих, за новинарите изјави дека заглавениот човек постапил како што треба во тие опасни моменти, затворајќи ги сите врати и чекајќи помош на балконот.

По еден час пожарот бил изгасен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот