ВИДЕО | Пожар во руска термоцентрала

Перм пожар/ Фото Твитер

Голем пожар избувна во термоцентралата во рускиот град Перм. Фотографиите на кои се гледа густ облак од црн чад што се издига од термоцентралата Пермскаја ЦХПП-9 во централна Русија се рашириja по социјалните мрежи. Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

Облак црн чад е видлив од целиот град, а руските медиуми јавуваат дека пожарот избувнал од покривот на електраната. Очевидци за руските портали изјавиле дека виделе оган во една од работилниците на електраната. Руските државни медиуми јавуваат дека околу 500 луѓе биле итно евакуирани од зградата. Перм е оддалечен околу 2000 километри од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот