ВИДЕО: Последната прегратка, ќерката на Горбачов го гушна починатиот татко

Ќерката на Горбачов го прими руското знаме со кое беше покриен ковчегот/Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, во саботата напладне беше погребан на гробиштата Новодевичи во Москва, а илјадници Руси дојдоа да му одадат последна почит на големиот лидер и државник.

Највпечатливата слика од погребот која многу брзо го обиколи светот беше моментот кога неговата ќерка Ирина Виганскаја го прегрна за последен пат непосредно пред да биде погребан до неговата сопруга Раиса.

Ирина Вирганскаја за последен пат се прости со својот татко/Фото:/Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL
Ирина Вирганскаја за последен пат се прости со својот татко/Фото:/Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Погребната служба се одржа во Салата на колумните во Домот на Синдикатите,  раскошна вила од 18 век во близина на Кремљ, која се користи за државни погреби уште од советско време, а помина без државни почести и во отсуство на рускиот претседател Владимир Путин кој не стигнал на погребот поради „непланирани работни обврски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот