ВИДЕО: Погребан Михаил Горбачов покрај сопругата Раиса

Погребан Михаил Горбачов/Фото: Alexander ZEMLIANICHENKO / AFP / Profimedia

Илјадници Руси денеска го испратија последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, кој почина на 92-годишна возраст.

Тој е погребан на московските гробишта Новодевичи, каде што е погребана неговата сопруга Раиса, која почина во 1999 година.

Претходно илјадници луѓе чекаа во редици пред Салата на колумните во Домот на синдикатите во Москва за да му оддадат почит на Горбачов. Во 1953 година на истото место беше изложено телото на Јосиф Сталин, а пред него Владимир Ленин и Леонид Брежњев.

За Горбачов не беше организиран државен погреб, а исто така нема да биде прогласен ден на жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот