ВИДЕО: Порто елиминиран, Митревски имаше одлична одбрана против Монпеље

Никола Митревски со Порто го заврши настапот во Лигата на шампионите/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите составот на Порто загуби на гостувањето кај Монпеље со резултат 35:27 (19:11).

По првите 60 минути во Португалија ниту една екипа не оствари предност, односно се заврши нерешено (29:29).

Дескат со седум и Вилеминот со шест голови беа најефикасни во редовите на француската екипа.

На спротивната страна шест погодоци запиша Амадор, а пет беа дело на Магалхаеш.

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски од девет удари кон неговиот гол запиша само една одбрана, а токму таа ја освои и ЕХФ и вреди да се погледне.

Познати се првите две четвртфинални двојки во ЛШ, Монпеље ќе игра против Кјелце, а Алборг ќе се соочи со Веспрем кој беше подобар во двомечот со Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот