Апсење на претседателот на Црвена младина, Андреј Куцуловски / Фото: Левица / Инстаграм / принтскрин

ВИДЕО | Полицијата го уапси претседателот на подмладокот на Левица, извадил палестинско знаме на ракометен натпревар

Левица објави снимка на која се гледа како полицајци денеска во Скопје го апсат претседателот на подмладокот на партијата, Андреј Куцуловски, поради тоа што развеал палестинско знаме на училишниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Израел.

„Пред малку, на денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел, претседателот на помладокот на Левица, Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на знамето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец! Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување на кривично дело или прекршок – тој беше грубо оттурнат и со лисици однесен во полициска станица. Во целиот чин, ниту еден од полициските службеници не се легитимираше. И додека на ДПМНЕ и на министерот Панче Тошковски им „се провлекуваат“ и им бегаат вистински криминалци, полицијата под негова надлежност ревносно демонстрира сила врз млади луѓе кои не направиле ништо освен што изразиле човечност“, велат од партијата, најавувајќи дека ќе ги преземат „сите расположливи правни и институционални механизми за овој скандал“.

„ДПМНЕ денес апси за знаме, утре ќе се апси за мисла!“, додаваат од Левица.

На снимката што ја објави партијата се гледа како полицајците му го земаат знамето на Куцуловски, а нему му ставаат лисици на рацете и го спроведуваат до полицискиот автомобил. На местото има најмалку 15 полицајци, кои постојано се однесуваат агресивно и арогантно, обидувајќи се да го спречат човекот кој снима.

„Место на радост и смеа за децата“: Муцунски отвори игралиште, донација од Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот