ВИДЕО: Полицајци биле метата на нападот во џамијата во Пакистан, во кој загинаа 47 луѓе

Фото: Твитер

Најмалку 47 луѓе загинаа, а 150 се повредени во бомбашки напад врз џамија во пакистанскиот град Пешавар, објави BBC. Според надлежните, под урнатините има уште затрупани луѓе.

Повеќето од загинатите се полицајци, па се претпоставува дека биле цел на нападот. Првите извештаи велеа дека бомбашот, кој седел во првиот ред, се разнел, но тоа не е потврдено. Ниту една група досега не презеде одговорност за нападот. Шефот на полицијата во Пешавар, Мухамед Ијаз Кан, за локалните медиуми изјави дека во моментот на експлозијата во областа биле присутни меѓу 300 и 400 полицајци.

Премиерот Шехбаз Шариф со остра осуда. Во изјавата, тој рече дека оние кои стојат зад нападот „немаат никаква врска со исламот“.

Тој не кажа која група го извела нападот, кој се поврзува со пакистанските талибанци. Тие го прекинаа примирјето во ноември, по што се зголеми насилството во земјата. Во декември беше нападната полициска станица во северозападниот дел на земјата, при што загинаа 33 милитанти.

Мухамед Асим, портпарол на градската болница Лејди Ридинг, изјави дека некои од повредените се во критична состојба. Премиерот отпатувал во Пешавар во итна посета, а локалните власти ќе му ги достават најновите информации за настанот, а ќе ги посети и ранетите.

Минатиот март Пешавар беше цел на уште еден бомбашки напад, во кој загинаа десетици во шиитска џамија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот