ВИДЕО | Поддржувачка на Трамп се онесвести на митинг, Доктор Оз пак се најде тука да помогне
Говорот на Доналд Трамп за време на неговата посета на Луисвил, Кентаки, беше привремено прекинат кога жена во публиката се онесвести зад подиумот од кој зборуваше американскиот претседател. Инцидентот се случи додека Трамп зборуваше на настан по посетата на фабрика за пакување во Хеброн, надвор од Луисвил.
Препорачано
На видеото што кружи на интернет, жената првично изгледаше како да се чувствува исклучително лошо пред да падне. Луѓето во близина почнаа да му викаат на Трамп дека ѝ е потребна медицинска помош.
Претседателот ја забележа вревата во толпата и го прекина својот говор неколку минути, додека спасувачите и минувачи брзаа да понудат помош.
Трамп се сврте кон местото на настанот и ја праша публиката за лекар, велејќи: „Дали има лекар овде?“, по што славниот доктор Мехмет Оз кој го придружува американскиот претседател, притрча да ѝ помогне на жената, пренесува Њујорк пост.
Додека жената добиваше прва помош, претседателот ја замоли публиката да почека, велејќи: „Ајде да не брзаме“. За време на паузата, Трамп се обиде да ја задржи публиката заинтересирана, прашувајќи дали треба да се пушта музика.
„Дали мислите дека луѓето зад сцената можат да ме чујат?“, им рече тој на публиката. Потоа ја предложи песната „Ave Maria“, додавајќи: „Ако можат да ме чујат“.
Кратко време подоцна, кога жената успеа повторно да застане на нозе, Трамп аплаудираше и ја охрабри. „Изгледа одлично!“, коментираше тој.


