Фото: скриншот

ВИДЕО | Починаа гардистите застрелани кај Белата куќа – паника на улиците во Вашингтон

Двајцата припадници на Националната гарда на САД кои денеска беа застрелани во близина на Белата куќа, починале, соопшти гувернерот на државата Западна Вирџинија, Патрик Мориси.

„Со голема тага можеме да потврдиме дека двајцата припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија, кои беа застрелани денеска во Вашингтон, им подлегнаа на здобиените повреди. Овие храбри жители на Западна Вирџинија ги загубија своите животи служејќи ѝ на својата земја. Во постојан контакт сме со сојузните претставници додека истрагата продолжува. Целата наша држава тагува заедно со нивните семејства, најблиските и заедницата на Гардата. Западна Вирџинија никогаш нема да ја заборави нивната служба или нивната жртва и ќе бараме целосна одговорност за овој ужасен чин“, изјави Мориси.

FBI на нозе

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, се огласи по повод пукањето. Тој порача дека Бирото „е ангажирано и помага во истрагата во Вашингтон, откако припадници на Националната гарда беа застрелани денеска попладне“.

„Животното што пукаше ќе плати висока казна“ – Трамп соопшти детали за инцидентот кај Белата куќа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот