Џенифер Лопез / Фото: Dylan Travis/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | По скандалот на Златните глобуси, Џенифер Лопез повторно во центарот на вниманието: „Се обидува да се извлече“

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез беше снимена во Лос Анџелес како му дава пари на бездомник, а овој нејзин потег привлече големо внимание на социјалните мрежи. Папараците ја „уловија“ по еден деловен состанок, кога мажот ѝ пријде и ја замоли да му даде пари.

Таа најпрво помина покрај него и влезе во автомобилот.

„Ќе им кажам на сите дека те видов“, ѝ рече тој и се доближи до автомобилот.

Лопез го спушти прозорецот и му даде пари.

„Џенифер, те сакам. Благодарам, Џенифер“, рече тој, испраќајќи ѝ бакнежи.

Сепак, многу корисници на социјалните мрежи сметаат дека овој гест не бил од срце, туку обид да ја поправи својата репутација по доделувањето на Златните глобуси.

„Се обидува да се извлече“, „Нејзиниот пи-ар тим работи напорно“, „Ја прочитала веста за снимателот на Glambot и решила дека мора нешто да направи“, „Бездомникот е всушност платен актер“, „Жално“, се дел од коментарите на платформата Икс.

Инаку, неодамна беше објавено видео на кое изгледа како Џенифер Лопез да го игнорира снимателот Кол Валисер, кој на доделувањето на Златните глобуси беше задолжен за популарната Glambot камера.

И покрај тоа што тој ѝ објаснувал како да позира и ѝ упатувал комплименти, Лопез не реагирала, туку по снимањето само продолжила понатаму.

ВИДЕО | Џенифер Лопез е мета на критики откако камерата го „улови“ нејзиното некултурно однесување на Златните глобуси 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот