Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | По петтиот брак во Словенија, Маленко се врати во Македонија: „Ќе им се посветам на децата“

Александар Маленко се врати во Македонија, откако во 2021 година по петти пат се ожени со своја колешка, пливачката Метка Спаравец од Словенија.

Пливачкиот шампион во емисијата „Фидбек со Елена“ на телевизија Телма рече дека во моментов е во Скопје и ќе остане во Македонија, затоа што тука му се децата.

На прашањето од водителката Елена: Охрид или Скопје, Маленко, како роден охриѓанец, одговори: „Дефинитивно Охрид. Не дека сум роден охриѓанец, ама дефинитивно Охрид. Зошто, на сите реклами за државата, поважен е Охрид. Инаку сум во Македонија, сега сум во главниот град, Скопје“.

„Генерално, никако. На одмор не сум бил, не знам што е одмор. Празнично, не знам што е празник. Но, сега во овој период, откако одлучив спортски да се пензионирам… тоа е моја лична одлука, затоа што не се вклопувам во новото време и нема да прифатам никакви вредности. Така што ќе останам оригинален на себе, односно свој. Јас не велам дека нема да се занимавам со пливање, тоа времето ќе покаже, меѓутоа сега во моментов ќе си ја искористам спортската пензија, односно ќе се посветам на себеси, па можеби ќе имам време за релаксација“, рече Маленко.

На прашањето од новинарката: „Се врати во Македонија? Тука си, остануваш овде или пак бегаш некаде надвор?“, пливачот одговори: „Не бегам од никого никогаш. Морав да заминам затоа што професијата налагаше и животните потреби. Но, да, дефинитивно тука сум. Тука ми се и децата и планирам да се посветам на спортско-пензионерски, релаксиран живот и само убави работи да се случуваат“.

Пред колешката од Словенија, Метка Спаравец, Маленко беше во брак со пејачката и водителка Сузана Турунџиева, актерката Јелена Жугиќ, Русинката Татјана Михајловна – Фјодорова и охриѓанката Фани.

Освен Лора, која е негова единствена ќерка од бракот со Сузана Турунџиева, Александар Маленко има уште четири сина.

Од бракот со Јелена Жугиќ, тој го има синот Ахил. По третпат се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михајловна – Фјодорова, која ја запознал во периодот додека бил на привремена работа во Москва. За Татјана, ова бил четврти брак, а и со неа Маленко има син.

Со сопругата од Охрид, која не се експонира во јавноста, поранешниот пливач има два сина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот