Кирил Џајковски / Фото: Инстаграм/Кирил Џајковски

ВИДЕО | По големиот успех на „Jungle Shadow“: Кирил Џајковски објави нова песна со енергичната Ти-Кеј Вондер

Македонскиот електронски изведувач Кирил Џајковски го објави првиот сингл со наслов „Head High“, со кој го најавува своето ново студиско издание. Песната од денеска е достапна на сите дигитални музички платформи и претставува прва најава за албумот „Memory Paradox“.

Новиот албум се очекува да биде објавен во следните месеци под етикетата на „Филтер лејбл“. Изданието ќе содржи избор од дваесетина нови композиции на кои Џајковски работел во изминатите две години, во соработка со повеќе музичари и вокалисти од земјата и од странство.

Синглот претставува спој на хип-хоп и драм-ен-бејс, карактеристичен за современиот електронски израз на Џајковски. Во песната учествува американската артистка Ти-Кеј Вондер, негова долгогодишна соработничка, со која заеднички настапувал и на бројни фестивали низ Европа.

Тематски, „Head High“ се фокусира на прашања поврзани со соочувањето со предрасудите, личната самодоверба и општествената нееднаквост. Иако досега немаше официјално студиско издание, песната веќе подолг период беше дел од концертниот репертоар на Џајковски и редовно се изведуваше на неговите фестивалски настапи, каде што беше позитивно прифатена од публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот