ВИДЕО | Пловните препреки на реките Сатеска и Даљан – надеж за чисто Охридско Езеро

Фото: Пивара Скопје

Во Охрид денеска се одржа прес-конференција организирана од страна на Пивара Скопје за поставувањето на пловните препреки на реките Сатеска и Даљан со цел да се заштити Охридското Езеро од отпад, во соработка со Пакомак.

На прес-конференцијата на иницијатива на Скопско Платформата, „Наша гордост, наша одговорност“ учествуваа генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев, градоначалниците на Општина Охрид и на Општина Дебрца, Кирил Пецаков и Зоран Ногачески, заменик-министерката за животна средина Христина Оџаклиеска и оперативниот директор на Пакомак, Ико Брдаровски.

„Она што природата ни го дава како дар, а светот го препознава како природно наследство, обврзани сме да го заштитиме. Ме радува што овој проект е дел од сите конкретни мерки и активности кои се организираат за одржливо управување со Охридското Езеро, како и зачувување на овој уникатен природен басен. Реките Сатеска и Даљан се означени како најголемите загадувачи на Охридското Езеро со отпад, па затоа постувањето на овие пловни препреки ќе придонесат за зачувувањето на овие води“, нагласи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Тој тврди дека зачувувањето на животната средина е еден од приоритетите на Општина Охрид. Пецаков се надева дека со ваквите проекти ќе се приклучат и останатите големи компании за да се помогне на заштита на ова езеро.

Пивара Скопје во февруари ја започна кампањата со која издвојува по еден денар од секое продадено „Скопско“ и „Скопско Смут“ стаклено шише со специјална етикета. На тој начин, како што изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев, со помош на јавноста се борат за зачувување на водите на Охридското Езеро.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Со поставувањето на пловните препреки на реките Сатеска и Даљан се спречува влевањето на отпадот во Охридското Езеро, но и селективно бирање на отпадот. Во општините Охрид, Струга и Дебрца организиравме акции за собирање на отпадот покрај езерото, каде собравме преку 200 ќеси отпад. Наша цел е да ја зголемиме јавната свест за одговорноста што сите ја имаме за подобрата иднина“, изјави Митрев.

Фото: Пивара Скопје

Заменик-министерката за животна средина Христина Оџаклиеска вели дека управувањето со отпадот во Охридското Езеро и подигнувањето на јавната свест е една од клучните активности на министерството.

Оџаклиевска ги повика граѓаните повеќе да се вклучат во справувањето со отпадот, наведувајќи дека тоа е нужно за „да се избориме за подобра иднина“.

Фото: Пивара Скопје

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески вели дека луѓето се оние кои мора да бидат дел од оваа иницијатива.

„Заштитата на Охридското Езеро не е заради УНЕСКО. Тоа е за самите нас, ако ние самите не се грижиме за него, нема кој да се грижи за нас“ изјави Ногачески.

Фото: Пивара Скопје

Ико Брдаровски од Пакомак информира дека фирмата постојано се труди да ја одржи чистотата на Охридското Езеро и тврди дека тие во соработка со Пивара Скопје работат на негово одржување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот