ВИДЕО | Петровска: Македонија бележи статус кво во унапредувањето на правата на ЛГБТИ

Елена Петровска, Коалиција Маргини/Фото: Слободен печат

ИЛГА-Европа ја објави Мапата на виножитото која укажува на тоа дека неколку земји кои беа водечки сили во унапредувањето на ЛГБТИ+ правата, годинава доживеаја пад од неколку места во рангирањето

Споредбено со извештајот и Мапата од претходната година, Македонија и оваа година се најде на 31 место (од 49). Ова се должи на неуспехот да се донесат промените во Законот за матична евиденција, како и Националниот акциски план за унапредување на правата на ЛГБТИ+ луѓето, нотираат од Коалицијата Маргини.

– Самиот збор толеранција значи нека некој нешто погрешно прави. Извештајот на ИЛГА Европа за 2021-та нашата земја бележи голем статус кво. Тоа според нас е големо назадување, со оглед на тоа што голем број на иницијативи, институциите не успеаја да ги донесат како закони, политики или мерки, а уште помалку да ги имплементираат, изјави во Утрински брифинг Елена Петровска од коалиција „Маргини“.

– Извештајот е обемен, но краток и дава препораки што институциите понатаму како приоритети треба да направат, додава Петровска.

Според Петровска ова е извештај кој што им дава рамка за работа на институциите, а не извештај кој што е општ или насочен кон промена на размислувањето на јавноста.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот