Железничка несреќа во Мексико/Фото: EPA/LUIS VILLALOBOS

ВИДЕО | Патнички воз излета од шините во Мексико, најмалку 13 загинати

Најмалку 13 лица загинаа, а речиси 100 се повредени откако воз излета од шините во југоисточниот регион Оахака во Мексико, соопшти мексиканската морнарица, пренесува Би-би-си.

Според мексиканската морнарица, возот превезувал 250 луѓе, девет членови на екипажот и 241 патник.

Според истиот извор, 193 од патниците се надвор од животна опасност.

Од вкупно 98 повредени лица, 36 се хоспитализирани.

Возот го поврзува Мексиканскиот Залив со Тихиот Океан. Обично превезува и товар и патници.

Оваа железничка линија беше отворена во 2023 година. Таа е еден од најважните инфраструктурни проекти на владата на поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор (2018-2024), како дел од стратегијата за стимулирање на економскиот развој во југоисточен Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот