ВИДЕО | Паметно и слатко: Сопственик на кученце проверил дали може да го прелаже

Германски овчар
Германскиот овчар Смитен / Фото: Скриншот, Тик-ток

Сопственик на тримесечен германски овчар решил да провери дали може да го прелаже своето кученце. Но, кученцето било толку добро тренирано, што не паднало на неговиот трик.

На снимката која е објавена на Тик-ток, германскиот овчар Смитен седнал пред сопственикот и ја чекал наредбата „free“, која би значела дека тој е слободен. Сопственикот се обидел да го прелаже, па почнал да употреба зборови кои звучат слично на „free“ – „friends“, „four“, „French“, „freak“, „frog“ и „frosting“. Смитен внимателно ги слушал сите зборови кои ги изговарал неговиот сопственик, но седел на место сѐ додека не го слушнал зборот „free“.

„Има само три месеци и никој не може да го прелаже. Толку сум горд“, напишал сопственикот на Смитен.

@smittenthegsd 3-month old and already can’t be tricked 😉 I am so proud! #puppy #dogtraining #funny #cute #dog #gsd #germanshepherd #adorable #prank ♬ original sound – SmittenTheGSD

ВИДЕО | Дедо ја однел внуката на шопинг и слатко ги насмеал сите

Видео на денот