ВИДЕО | Пачкова: Се зголемува бројот на еднородителски семејства, истовремено расте сиромаштијата

Здружението „Една може“, објавува нова анлиза за состојбата на самхраните родители во Република Северна Македонија.

„Категоријата на самохраните родители уште е маргинализирана во нашата држава поради несоодветната дефиниција во законите за тоа што претставува семејство. Поттикнати од овие факти ние истражуваме и работиме директно со нашата целна група, во изминатиот период, со поддршака На „Цивика Мобилитас“ направивме повеќе фокус групи со самохрани мајки, како и анкетен прашалник кој вирално се споделуваше на социјалните мрежи, вели за Утрински брифинг, Дороти Пачкова, претседателка на „Една може“.

– Преку него стигнавме до над 500 еднородителски семејства, кои изворно, од сопственото животно искуство одговорија на прашања кои упатуваат на висок ризик од сиромаштија, висок степен на игнорантност од страна на државата и препуштеноста на самите себе. Еден од резултатите до кој дојдовме е дека над 30 отсто од еднородителските семејства не можат да си дозволат соодветно хранлив оброк во текот на неделата и се оставени буквално на преживување. Ова е индикатор за нас дека се зголемува и скриеното бездомништво кое податоците го потврдуваат секоја година, што е многу поразителен факт за нас како општество.

Тоа значи дека од 500 еднородителски семејства, над 60 отсто живеат во заедници кои не се по нивен избор и се принудени да живеат под ист покрив, или со своите родители, баби и дедовци, а не емал процентот ина оние што живеат со непознати цимери. И тоа го плаќаат со нависоката цена, а тоа е немањето можност за прогрес, исто така неретко немањето свои четири ѕидови се плаќа и со здравјето, не само на самохраната мајка, туку и на децата.

Ова се податоци кои ги потврдуваме од година во година и кои, за жал секоја година се влошуваат. Оваа ситуација пак, придонесува за зголемување на бројот на еднородителски семејства. Од друга страна, мерките и институциите кои треба да реагираат за да им овозможат еднакви можности никаде ги нема – вели Пачкова.

Таа рече дека во периодов Здружението засилено работи со општините низ државата на евиденцијата и идната помош за еднородителските семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот