ВИДЕО | Пачкова: Гладните деца на самохраните мајки се доказ дека институциите не функционираат

Дороти Пачкова / Утрински брифинг
Дороти Пачкова / Утрински брифинг

Самохраните мајки кои пред два дена преку протестен марш побараа праведни институции, дефинирање на статусот самохраност и финансиска поддршка, денеска овие барања ќе ги достават до архивите на Владата и Министерството за труд и социјална политика, по што ќе чекаат одговор во законскиот даден рок, вели Дороти Пачкова од Една може, за Утрински брифинг.

– И после маршот продолжуваме со кампањата за застапување на нашите барања кои се формирани пред многу години. Најголем проблем со кој се соочуваме е игнорантноста од страна на институциите. Барањата се однесуваат на статусот на самохраноста, објаснува Пачкова.

Таа тврди дека во Министерството за труд и социјална работа и во Центарот за социјални работи има нестручен кадар кој ги оневозможува самохраните мајки да ги добијат институционалните права.

– Во најголем дел од жените кои се самохрани мајки и се дел од нашата организација имаат сериозни проблеми со нерегулирање на насилството што го трпат, од страна на државата и институциите. Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјални работи имаат најголема вина за проблемите на самохраните мајки. Според кажувањето на самохраните мајки, во овие институции работат нестручни лица, кои ниту знаат како ниту пак имаат желба да ги решат институционалните проблеми на жените, вели Пачкова.

Пачкова нагласува дека законите не ги создаваме за да ги има на хартија, туку за да бидат во полза на тие што се создадени. Се додека не ги исконсултираме оние за кои се пишуваат законите ќе бидат само обично писание кое во пракса ќе донесе непочитување на човековите права односно женските права.

-Изминативе години се донесе мерка со која се вели дека секое дете од еднородителско семејство ќе може да плаќа само половина партиципација на државната квота на факултетите. Сепак оваа придобивка не можат да ја користат сите самохрани мајки бидејќи во статутот на самохраност се вели дека разведените не се самохрани родители, туку само тие кои поради смрт го изгубиле партнерот. Се додека имаме повици од мајки кои бараат помош за своите гладни деца или за плаќање кирија, ќе знаеме дека институциите не функционираат, заклучува Пачкова.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот