ВИДЕО | Остри критики од Брнз: Нема одговорност и транспарентност, има непотизам и корупција, а институциите се неефикасни

Фото: Глас на Америка на македонски јазик (VOA) / принтскрин

Во земјава нема доволно одговорност и транспарентност, а има непотизам, корупција и институционална неефикасност – ова се дел од критиките за состојбите во државата што денеска ги упати американската амбасадорка Кејт Брнз.

Изразувајќи сомневање дека дел од политичарите не се за спроведување на реформи, Брнз им порача на владините претставници да ги исполнат очекувањата на јавноста, но и стандардите за членство во ЕУ.

„Ова ќе биде предизвик зашто недостига одговорност, транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција,“ рече таа на настан организиран од Министерството за финансии и УСАИД.

„Знаеме дека еден од најголемите предизвици се корупцијата, којашто го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици. Ние ве поддржуваме да продолжите со овие реформи дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан“, додаде амбасадорката.

Брнз ја испрати оваа порака веднаш по потпишувањето на амандманот на Договор за грант за партнерство за развој, со што Македонија доби 10,3 милиони долари поддршка од САД за демократско општество и конкурентна економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот