ВИДЕО | Ослободената 85-годишна Израелка раскажа зошто се смеела кога ја киднапирале Хамас

Foto: Twitter

За време на бруталниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, терористите убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 200. Меѓу киднапираните цивили беше и 85-годишнaта Јафа Адар.

Таа е ослободена за време на размената на заложници за палестински затвореници, а сега ја раскажа својата приказна за заробеништвото во Газа. Снимката од разговорот со храбрата баба ја објави израелското Министерство за надворешни работи.

За време на киднапирањето, членовите на Хамас се пофалија со видеото од злосторството на социјалните мрежи. На видеото се гледа Јафа Адар, насмеана, како седи меѓу членовите на Хамас во автомобилот со кој ја возеле до Газа.

„Не сакав да им дадам задоволство да видат дека се плашам. Нема да дозволам да ме скршат. Сакам моите деца и внуци да се гордеат со мене кога ќе го видат видеото. Не пуштив ниту една солза“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот