ВИДЕО | Осимен официјално во Галатасарај – спектакуларен пречек и рекорден трансфер
Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен официјално пристигна во Истанбул, каде што ќе го предводи нападот на Галатасарај следната сезона.
Препорачано
Осимен потпиша договор вреден 75 милиони евра, што е најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.
– Дома сум, каде што сакам да бидам – рече Осимен по пристигнувањето, добивајќи громогласна поддршка од навивачите.
Неговото доаѓање предизвика вистинска еуфорија кај навивачите на Галатасарај, кои му приредија спектакуларен пречек. Повеќе од 20.000 навивачи го чекаа пред аеродромот, додека клубот го емитуваше во живо неговиот лет за Турција на својот Јутјуб канал. Пред просториите на клубот го пречека и потпретседателот на клубот, Абдула Кавукџу.
Şşş… 🤫
1️⃣!
2️⃣!
3️⃣!CİMBOMBOM! 🙌 pic.twitter.com/DQa2SwfYp4
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) July 30, 2025
Галатасарај го откупи неговиот договор од Наполи на два дела – 40 милиони евра веднаш и 35 на рати. Осимен ќе има нето плата од 18 милиони евра годишно, со дополнителни 10 милиони евра потенцијални приходи од спонзорства и рекламирање.
Да потсетиме, Осимен беше водечката сила на тимот минатата сезона, постигнувајќи 37 гола на 41 натпревар, водејќи го Галатасарај до титулата во турската Суперлига и трофејот во националниот куп.
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) July 30, 2025


