ВИДЕО | Обожавателите на Расел Кроу шокирани, открија дека актерот има таен тикток-профил
Расел Кроу ги шокираше своите бројни обожаватели откако открија дека актерот, најпознат по улогата во „Гладијатор“, има таен тикток-профил каде што обожава да зборува за луксузни часовници.
Препорачано
Актерот има профил на Тикток под псевдонимот „igp366“, именуван по неговиот бенд „Индор гарден парти“ (Indoor Garden Party), а во своите видеа ја покажа и својата импресивна колекција луксузни часовници.
– Здраво, го користам овој Тикток за да зборувам за градинарски забави и часовници. Се надевам дека сте среќни и зафатени – се вели во описот на профилот.
Во едно од видеата, Расел гордо ги покажува своите омилени парчиња, како што е „ролекс космограф дајтона“.
– Нема да ви ја покажам целата колекција сега – тоа би одзело долго време бидејќи буквално сум опседнат, а сум веќе долго време. Но, ова е мојата моментална ротација – рече тој.
– Ако го носите со одело, кога ќе ви се појави под ракавот, секогаш ќе привлекува внимание – со воодушевување вели Кроу за својот „ролекс“.
Обожавателите брзо го пофалија: „Сега ми се допаѓа уште повеќе. Автентично е, навистина е забавно и е нешто што го споделува со нас.“
Неговата љубовна врска со часовниците започна на снимањето на „Гладијатор“, каде што актери како Ралф Молер носеа часовници „панераи“.
– Немав искуство со нив претходно, но почнав да ги барам кога бев на аеродромот – ги купив околу времето кога бев номиниран за Оскар во 2001 година – рекол тој.
Таткото на два сина, Чарлс (22) и Тенисон (19), од бракот со поранешната сопруга Даниел Спенсер, еднаш призна дека неговата страст за колекционерство е со него уште од детството.
– Можеби започна со монети, поштенски марки или фудбалски картички околу 11-годишна возраст – се присетил тој.
@igp366♬ original sound – IGP
Расел Кроу откри дека нема план да се ожени со својата партнерка: „Еднаш беше доволно…“


