Фото: Жељко Киса / Принтскрин

ВИДЕО | Обилниот снег ја парализира Србија: паѓаат дрвја, има судири, камиони се заглавени

Снегот што ја зафати Србија предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во повеќе региони. На одредени делници има судири, заглавени камиони, паднати дрвја и одрони, додека видливоста е значително намалена.

Во текот на ноќта наврнале околу 20 сантиметри снег на подрачјето на Чајетина, Ужице и Бајина Башта во Србија, а сите расположливи екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата според приоритети, објави „Србијан тајмс“.

– Снегот на Златибор паѓа од полноќ. Во моментов на терен се 18 камиони и четири грејдери. Забрането е движење за шлепери. Патиштата од прв приоритет ги одржуваме проодни – изјавија од „Патишта Ужице“.

Поради снежните врнежи, сообраќајот се одвива отежнато, па на возачите им се советува зголемена внимателност.

– Се разбира, без зимска опрема да не се тргнува на пат. Снегот е влажен и лизгав. Важно е да се држи растојание и да не се прават нагли промени на брзината и насоката на движење – велат од „Патишта Ужице“.

Потоп во Кичево: 250 луѓе се згрижени во градската спортска сала, граѓаните сами ја исфрлаат водата од домовите

Снегот, кој непрекинато паѓа цела ноќ и утрото, веќе им зададе големи проблеми на возачите во Западна Србија. На Ибарската магистрала кон Златибор има снежна покривка на коловозот до 5 сантиметри, а маглата дополнително го отежнува возењето. Поради забавеното движење, веќе се создадоа големи колони.

Преку Кадињача, на патот Ужице–Бајина Башта, има набиен снег на коловозот, како и паднати дрвја, поради што сообраќајот е запрен.

На патот Перуќац – Митровац на Тара, поради тежината на влажниот снег има паднати дрвја на коловозот, додека на делницата Пожега – Косјериќ, покрај снегот, има и одрони.

Во Ужице исто така има снег, но сите улици во центарот се проодни.

На патниот правец меѓу Бешеново и Беочин, во текот на ноќта се водела вистинска борба со снегот и со лизгавиот коловоз.

Како што информира службата за помош на пат, од снежните наноси и од расквасениот коловоз биле извлечени пет камиона, додека на истата делница заглавени останале уште приближно толку камиони.

Врнежи од снег низ државата – забрана за камиони и автобуси на некои патишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот