Фото: Икс / Hypetv.mk / скриншот

ВИДЕО | Новиот директор на Универзална, Кацаров, го објаснува својот темперамент

Веста дека скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски го назначил водителот Миро Кацаров за директор на Универзалната сала предизвика големо внимание во јавноста и лавина од реакции на социјалните мрежи.

Според првичниот впечаток, повеќето од коментарите се негативни и луѓето се прашуваат каков бил критериумот при изборот на Кацаров за директор на институцијата која раководи со сега непостоечката сала, чијашто повторна изградба по пожарот во кој изгоре во 2024 година, ќе ги чини граѓаните дури 20 милиони евра.

На „Икс“ се појавија и стари видеа од Кацаров, кои корисници на социјалната мрежа ги наведуваат како потврда дека тој не е соодветно решение за прв човек на оваа значајна културна институција. Во едно такво видео, Кацаров за Hypetv.mk кажува дека „животот му е драма“ и се обидува да го објасни својот темперамент.

Оригиналната Универзална сала, изградена како помош од Бугарија по земјотресот во Скопје во 1963 година, изгоре во голем пожар кој се случи при првиот обид таа да се реконструира, во април 2024 година. Тогаш реконструкцијата ја изведуваше фирмата Универзал Балкан – истата што две години подоцна, во април годинава, и покрај претходните контроверзии и еден поништен тендер, повторно ја доби зделката од 20 милиони евра за изградба на целосно нова сала.

Водителот Миро Кацаров ќе биде директор на Универзалната сала, Ѓорѓиевски веќе го назначил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот