ВИДЕО | Нова победа на Баерн во Бундеслигата, два гола на Кејн

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен дојде до втората победа во Бунедслигата откако вечерва со 3:1 го совлада Аугусбург, два гола постигна новото засилување Хари Кејн.

Кејн одлично ја започна својата епизода во Баерн и по голот и асистенцијата против Вердер, сега постигна два гола. Првиот гол го постигна од пенал во 40. минута, а потоа на дваесетина минути до крајот го постигна вториот гол.

Претходно по 32 минути игра Удукаи си ја погоди сопствената мрежа. Стрелец за почесниот гол на Аугусбург беше Бељо на четири минути пред крајот.

Баерн по две кола има максимални шест бода со седум постигнати гола и еден примен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот