Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО | Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер по продолжение ја доби драмата со Портланд

Денвер и Портланд одиграа драматичен и возбудлив натпревар кој со право може да се вброи меѓу најдобрите оваа сезона во НБА.

Иако на десет минути пред крајот гостите имаа убедливо водство од  плус 16, кошаркарите на Денвер не се предадоа. Портланд до средината на последната четвртина доминираше и погодуваше од сите позиции, при што реализираа дури 25 тројки и изгледаше дека победата е сигурна.

Сепак, предводени од расположениот Никола Јокиќ, Нагетси постепено се вратија во игра. Клучен момент беше тројката на Ерон Гордон од аголот за водство од плус два на една минута до крајот, со што домаќините најавија пресврт. Јокиќ имаше шанса да стави точка на мечот уште во регуларниот дел, но не успеа да реализира во два наврати.

Во продолжението, сепак, немаше дилеми, Денвер целосно ја презеде контролата и стигна до победа од 137-132.

Јокиќ повторно беше прво име на паркетот завршувајќи со импресивен трипл-дабл од 35 поени, 14 скока и 13 асистенции што беше негов 197. во кариерата.

Кај Портланд, најефикасен беше Тумани Камара со 30 поени, но тоа не беше доволно за да се спречи големиот пресврт на Нагетс.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Њујорк Никс 105-108
Орландо – Детроит 123-107
Мемфис – Кливленд 126-142
Сан Антонио – Филаделфија 115-102.
Денвер – Портланд 137-132

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот